Кошничка (0)

НАШАТА ПРИКАЗНА

ЗА НАС

Го создадоа браќата Бакревски,

пивски ентузијасти инспирирани од личната љубов кон добро пиво, иако професиите им се во светот на класичната музика и стоматологијата.


Оттука БАК не е само КРАФТ ПИВО, тоа е и уметност и прецизност во создавање на аромите, вкусовите и стиловите на сите врсти пиво.


Потребни се четири основни состојки за да се направи пиво: хмељ, вода, јачмен и квасец.


Ние во БАК додаваме уште две состојки,

тие се СТРАСТ И ЉУБОВ КОН ВРВНО ПИВО








ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Ако имате други прашања за нашето крафт пиво БАК, слободно контактирајте нѐ!

Контактирај нѐ

Кои начини на плаќање ги прифаќате?

 Прифаќаме плаќање со кредитна/дебитна картичка или готовина при достава.

Кои видови пиво нудите?

Нудиме различни стилови на крафт пиво, вклучувајќи Pilsner, Pale Ale и Stout. Секое пиво е направено со внимателно избрани состојки за врвен вкус.

Како можам да направам нарачка?

Нарачката можете да ја направите директно преку нашата веб-страница. Едноставно додајте ги производите во кошничка, пополнете ги потребните информации и потврдете ја нарачката.

Дали правите достава?

Да, вршиме достава низ цела Македонија. Времето на испорака зависи од вашата локација, а сите детали ќе ги добиете при потврдување на нарачката.

Колку време е потребно за испорака?

Обично испорачуваме во рок од 2-5 работни дена. За подетални информации, контактирајте нѐ.

Дали можам да нарачам пиво како подарок?

Секако! Нудиме можност за специјално пакување и персонализирана порака. Додајте забелешка при нарачката или контактирајте нѐ.

Како да ги чувам пивата за најдобар вкус?

Препорачуваме да ги чувате на ладно и темно место, на температура од 4-12°C, за да го задржат својот оригинален вкус и арома.

Дали вашите пива се достапни во барови и продавници?

Да, нашите пива можете да ги најдете во одбрани барови, ресторани и специјализирани продавници. За локации, проверете ја нашата мапа на сајтот.